Бритни Спирс ѝ испрати брутална порака на сестра ѝ и ѝ порача само едно: Дали ми подаде рака кога се давев?
Бритни Спирс првпат отворено се огласи на својот Инстаграм профил и на родената сестра ѝ испрати брутална порака...
Поп ѕвездата Бритни Спирс продолжува со обидите да го оспори и прекине старателството кое од 2008 година го има над неа нејзиниот татко Џејми Спирс, а кое го опиша како потполно злосторство и потполно одземање на слободата во секоја смисла.
По нејзиното прво сведочење оваа година, обожавателите се обединија и движењето #FreeBritney се проши, како на улиците за време на протестите, така и на социјалните мрежи.
Иако призна дека поддршката од многу луѓе недостасувала, некој особено ја повредил, а судејќи според коментарите на обожавателите, во прашање е нејзината сестра Џејми Лин Спирс. Џејми неодамна ја поддржа во борбата со татко ѝ, но тоа изгледа дека било она што Бритни го очекувала.
Имено, пејачката првпат отворено се огласи на својот Инстаграм профил и го порача следното:
„Нема ништо полошо кога најблиските луѓе, кои никогаш не се појавиле кога било потребно, објавуваат работи во врска со вашата ситуација како и да е и зборуваат за праведна поддршка... нема ништо полошо од тоа!
Како воопшто се осмелуваат луѓето кои најмногу ги сакате да кажат нешто... Дали некогаш ми подале рака за да ме подигнат во тоа време?! Како се осмелуваш да објавиш дека сега се грижиш... Дали ми подаде рака кога се давев??? Повторно... не...
Па доколку го читате ова и знаете кој сте и всушно имате храброст да кажете било што за мојата ситуација само за себе да си го зачувате образот во јавноста..
Ве молам, престанете со праведниот пристап кога сте многу далеку од праведното што повеќе не е ни смешно. Добар ви ден. Доколку го читате ова денес и можете да се поврзете, жал ми е, бидејќи како е и ви ја испраќам својата љубов“ - порача Бритни.
Од наведеното сите заклучија дека ова се однесува на Џејми, па во коментари под објавата го изнесоа своето мислење.