Бритни Спирс ја обвини мајката дека стои зад старателството: Мојот татко не е доволно паметен за тоа

Бритни Спирс ја обвини мајката дека стои зад старателството: Мојот татко не е доволно паметен за тоа

Објавена во: Совети // Семејство

Бритни Спирс тврди дека нејзината мајка Лин Спирс стои зад старателството под кое пејачката е веќе 13 години.

Во објава на Инстаграм, која на Интернет беше пократко од 5 минути, поп ѕвездата кажа дека нејзината мајка „mastermind“ е задолжена за ситуацијата во која се нашла, од проста причина што нејзиниот татко не е доволно паметен да смисли такво нешто.

„Мојот татко беше мој старател во изминатите 13 години, но знаете ли што - тој е премногу глупав за да го смисли тоа, мојата мајка му ја има дадено идејата“ - напиша Спирс под фотографијата.

Потоа директно се обрати на својата мајка.

„Затоа можеш да престанеш со тој став - Не знаев што се случува. Знаеше сè, ми го уништи животот, еби се“ - напиша Бритни.

Нејзината мајка од друга страна барала од адвокатскиот тим на пејачката да ги покрие и нејзините трошици за судењето во случајот со старателството. Бритни тоа го одби. 

Новото сослушување за овој случај е закажано за на 13 ноември.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: