Бројни познати личности се собраа на шоуто на Ријана: Таа издоминира со нов изглед и беше sвезда на вечерта (ФОТО)

Бројни познати личности се собраа на шоуто на Ријана: Таа издоминира со нов изглед и беше sвезда на вечерта (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Ријана, Ирина Шајк, Ванеса Хаџинс и други се појавија на прославата на брендот „Savage x Fenty Vol. 3“

На шоуто по повод промоцијата на брендот „Savage x Fenty Vol. 3“, кој дизајнира долна облека, се појавија голем број познати личности кои дојдоа да го поддржат овој настан.

Ѕвезда на вечерта секако е пејачката и основач на овој бренд, Ријана, која истакна дека е многу среќна поради оваа вечер и дека постојано се обидува да ги следи сите трендови и да се надмине себеси, што го направи и сега, а тоа ја става во многу тешка позиција, бидејќи има задача да ги надмине своите достигнувања со секој следен проект.

Меѓу познатите личности покрај Ријана која носеше жолт костум со циркони од брендот Ботега Венета и повторно го врати стариот изглед на долга црна коса, иако долго време ја носеше „пикси“, на шоуто се најде и топ моделот Ирина Шајк, која беше многу интересно облечена во панталони, додека нејзината долна облека беше Savage x Fenty. На настанот беа забележани и Ванеса Хаџинс, која носеше парчиња од соработката Savage x Fenty, Рики Мартин, Бела Хадид и други.

.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: