Бронза за Дарко Јакимовски од Пробиштип на Балканската олимпијада по физика
Во периодот од 23 до 31 октомври 2020 година се одржа 2-та Балканска олимпијада по физика, организирана од Балканската унија на физичарите и Универзитетот во Крајова, Романија. Поради пандемијата со Ковид 19 натпреварот се одржа во секоја од државите учесници на олимпијадата под координаторство на офцијалните организатори. Локален организатор на оваа олимпијада во Македонија беше Друштвото на физичарите на Република Македонија и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
1. Драго Јакимовски од Пробиштип, ученик од трета година во СОУ „Орце Николов“ - Скопје,
2. Мајкл Георгиевски од Кавадарци, ученик од втора година во СОУ „Добри Даскалов“ -Кавадарци,
3. Бисера Јаневска од Скопје, ученик во трета година во ПСУ „Алгоритам“ - Скопје,
5. Стефан Дрмач од Скопје, ученик во втора година во СОУ „Раде Јовчевски-Корчагин“ - Скопје (поканет натпреварувач од официјалниот организатор, надвор од официјална конкуренција).
Во конкуренција на 48 натпреварувачи од 12 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Туркменистан и Црна Гора):
Ученикот Мајкл Георгиевски од Кавадарци освои награда за успешно учество (пофалница).
Водач
на тимот од Македонија беше проф. д-р Ирина Петреска од Институтот за
физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а заменик водач на
тимот проф. д-р Ламбе Барандовски
од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.