Брутално видео до младите кои ги игнорираат мерките: Во 40 секунди спакуван целиот хорор на коронавирусот

Брутално видео до младите кои ги игнорираат мерките: Во 40 секунди спакуван целиот хорор на коронавирусот

Објавена во: Совети // Семејство

Земјите ширум светот се борат со младите луѓе кои, со попуштањето на мерките одлучија да се вратат на опуштениот живот. Излегувањето во барови и клубови, забави на отворено и непочитувањето на дистанцанта доведоа до уште повеќе заболени од коронавирусот, а експертите сè повеќе предупредуваат на опасностите што демнеат, за да го насочат вниманието на тоа дека неодговорното однесување може да ги чини живот, ако не нивниот, тогаш на нивните најмили.

Сепак, младите не се грижат многу, за што сведочат бројни видеа и фотографии кои доаѓаат од цела Европа, вклучувајќи и на нашата држава, кога за време на продолжниот викенд, младите без да внимаваат на безбедносните мерки се забавуваа на една од охридските плажи.

Надлежните институции постојано се обидуваат да ги растурат таквите забави на отворено, но постојано се организираат нови, што резултира со пораст на бројот на заболени луѓе помеѓу младите луѓе.

Светската здравствена организација неколку пати посочи до младите да бидат одговорни, но тоа изгледа дека не влоди со плод.

Поради ова предизвик на сите држави е да пронајдат идеален начин за да допрат до младите и нивната свет. Мариано Урало, социолог од мадридскиот универзитет, тврди дека попуштањето на мерките, односно прекинувањето на карантинот младите го сфатиле како враќање на слободата. Градските власти на Мадрид од таа причина снимиле видео со кои се обидуваат да ги уверат младите да го сфатат сериозно коронавирусот.

Видеото почнува со снимка од собрани млади луѓе кои пијат пиво во бар, а потоа танцуваат во ноќен клуб. Во следната сцена се гледа пациент на респиратор, а завршната сцена го прикажува крематириумот.


Пораката на крајот гласи: „Овде е многу потопло, отколку под маска“.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: