Брз автомобил, брендирана облека, смрт која промени сѐ: Животната приказна на Бака Прасе, момчето за кое зборува цела Србија

Брз автомобил, брендирана облека, смрт која промени сѐ: Животната приказна на Бака Прасе, момчето за кое зборува цела Србија

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе е српски јутјубер, гејмер, музичар и забавувач...

Роден е на 16 септември 1996 година. Основно и Средно музичко училиште завршил во Белград. Посетувал часови по клавир. Се обидувал да се запише на музичката академија, меѓутоа не успеал во тоа.

Од мали нозе бил заинтересиран за гејмањето, па поради тоа што немал сопствен компјутер посетувал компјутерници за да игра игри. Негова омилена видеоигра била играта League of Legends, пишува Биографија.орг.

Тоа жарн во кој еден тим се натпреварува против друг, секој играч контролира еден херој кој има различни моќи во неговиот арсенал, целта на играта е да се уништи непријателската база, да се движи по одредена патека и со други помагала достапни низ мапата. Вели дека својот прекар не го смислил на креативен начин. Имено, некогаш додека играл LoL, прекарот му бил Пепа Прасе, за откако некој почнал да го копира, да го промени во Бака Прасе и да му остане до денес. Родителите немале многу надеж и верба дека ќе успее во својата работа и го форсирале за да се запише на музичката академија. Сепак, со текот на времето виделе дека од играњето игри и снимањето видеа може да заработи, па престанале да се противат и го оставиле да го прави она во што ужива. Потврда за тоа се неколкуте нивни заеднички видеа, во кои не криеја дека се гордеат со својот син.

Кариерата не ја започнал плански. Откако не успеал да се запише на факултет, Богдан почнал да игра професионални игри за пари на почетокот на 2015 година, бидејќи тоа било нешто во што бил добар. Професионално настапувал за екипите „Kliktech“ и „Fortuna“, под името Бака Прасе. Имено, овие две екипи во неколку наврати биле учесници во полуфиналето и финалето на Балканската ЕБЛ лига. Од таму произлегле многу квалитетни играчи кои моментално играат за посериозни тимови во водечките европски земји  кога станува збор за Еспорт Гејмингот. Илиќ во 2015 година освоил гејмерска титула во Јужна Кореја заедно со репрезентативците на Србија. Во тоа време, српската репрезентација била многу успешна, тие го зазеле првото место во играта „Hearthstone“, третото во „League of Legends“ и осмото место во „Starcraft 2“. 

Јутјуб кариера

Каналот на Јутјуб под името „Бака Прасе“, Богдан го создаде во 2011 година, но првото видео го објави на почетокот на 2016 година. Видеата што ги снимаше на почекот беа поврзани со LoL, но неговите коментари за играњето на противникот и соиграчите со текот на времето почнаа да го привлекуваат вниманието и младите луѓе кои не биле заинтересирани за таа игра. 

Својот музички талент го искористи за дополнително да го прошири кругот на следбеници, па на 12 август 2016 година на својот Јутјуб канал ја објави песната „Били Баку“. Бидејќи тоа ѝ се допадна на неговата публика, тој продолжи да компонира и да снима песни. Во септември 2017 година, Богдан ја објави песната „OTP Yasuo“, посветена на неговиот омилен херој во LoL, а потоа заедно со своите обожаватели ја напиша и сними песна, која за четири години „заработи“ 4,6 милиони прегледи на Јутјуб. Заедно со неговите следбеници, кои ги нарече „Внуци“, ја напиша и песната „Први секс“, за која подоцна призна дека е повеќе вулгарна, отколку креативна и на која ѝ стави забрана за корисниците помлади од 18 години. 

Така на социјалните мрежи се скара со Амир Хаџиќ, гејмер и јутјубер од Босна и Херцеговина, бидејќи Богдан се потсмевал на видео од малолетна девојка. „Драмата“ помеѓу јутјуберите траеше некое време, а му помогна на Илиќ да собере голем број следбеници на каналот. Ова беше прва од бројните „драми“ во кои учествуваше и кои, според мислењето на оние која ја следат регионалната Јутјуб сцена, на каналот на Бака Прасе му донесоа голема популарност. Богдан на Јутјуб се скара и со Анџела и Наџа Ѓорѓевиќ, Милан Иниќ, попознат како Yasserstain и многу други. За нив снимаше и видеа, кои допринесоа за популарноста на неговиот канал. Денес песните „Autotune“, „Мало пажње“, „Париз“, „Џуманџи“ и другите имаат милионски прегледи на Јутјуб.


Во текот на 2018 година, каналот на Бака Прасе доживеа брз раст. За тоа придонесе и синглот „Блеја у Турској“, кој има 13 милиони прегледи. Феноменот Бака Прасе се прошири од современите во традиционалните медиуми, па Богдан доби можност да се појавува во бројни телевизиски емисии посветени на младите, социјализацијата и добрите и лошите страни на интернетот и социјалните мрежи.

Тоа го забележаа бројни компании кои поминаа преку замерките дека тој користи многу пцовки во видеата и кои му понудија соработки. Сето тоа му помогнало технички да ја подобри содржината која ја снима, но и да објави неколку песни придружени со квалитетни видеа. За потребните на „Balkan Tube Fest“ ги сними песните „Балканска сцена“  и „Балканска сцена 2“, кои заедно имаат повеќе од 33 милиони прегледи на Јутјуб. Сингловите „Оно моје“, „Пони“ и „Макан“ исто така имаат милионски прегледи, а на публиката ѝ довери со песната „Друг“, која ја посвети на пријателот кој го разочарал. Не се откажува од кавгите со другите јутјубери, а од тоа не беа поштедени ниту медиумите.

Бака сингловите „Шаим се“ и „Колико си јадан“ ги посвети на својот колега Јанко, а песната „Јел те није блам“ на колешката Кики. Со песната „Вести“ ја опиша состојбата во денешното новинарство и односот на новинарите кон него и неговата работа. Кавгата со Кика од социјалните мрежи се префрли на традиционалните медиуми. Така Богдан мораше да објаснува дека Кристина не ја навредувал бидејќи е девојка, туку затоа што таа прва го навредила него.

Младиот јутјубер со денови ги полнеше страниците во медиумите, бидејќи некои негови изјави беа погрешно протолкувани. Богдан својата содржина ја прилагоди исклучиво на младата публика, додека постарата воглавно го коментираше стилот на живот кој го промовира, сметајќи дека фалењето со пари и автомобили лошо влијае на младите. Истото му го замери и неговиот татко, свештеникот Ненад Илиќ. Токму таквиот живот кон половината на 2020 година го доведе во неволји.

Имено, тој беше нападнат од јавноста, но и во опасност дека кривично ќе одговара за своите постапки кога една малолетна девојка објави фотографии од неговиот стан. Тој тврдеше дека не знаел колку година има додека не му ја покажала личната карта, а тогаш тој кажа дека ја избркал до својот стан. Сето тоа допринесе за негативен рејтинг на неговиот канал, но и прекинување на соработките со некои компании. Богдан се повлече од Јутјуб сцената на некое време, а кога се врати се посвети на снимање на друг вид содржини. Ја сними романтичната песна „Она, она“ која за една година собра 13 милиони прегледи на Јутјуб, но и стана дел од репертоарот на многу радио станици.


И покрај критиките кои дел од јавноста ги упатуваше кон него, Илиќ ужива голема популарност помеѓу младата публика. Често добива повици за гостување на социјални случувања, а го основа и својот моден бренд, наречен „Шаим се“. Покрај тоа, тој има и свој тим играчи на LoL, а наводно планира да освнова и своја телевизиска куќа.

До средината на октомври 2021 година, имаше 1.97 милиони следбеници и над милијарда прегледи на Јутјуб, додека повеќе од милион млади луѓе од целиот регион го следат на социјалната мржа Инстаграм.

Откако во медиумите се појави информацијата дека Кристина Кика Ѓуриќ на 8 декември 2021 извршила самоубиство поради насилство на Интернет, многумина го обвинија Богдан како главен виновник поради јавната со која две години порано ги полнеа страниците во медиумите. Помеѓу останатите, Автономниот женски центар побара од институциите да ја проценат неговата одговорност. Во својата изјава, тие наведоа дека Богдан ги охрабрувал своите следбеници на социјалните мрежи за говор на омраза кон Кристина.

Специјалното обвинителство упати барање за собирање на потребните податоци за околностите на смртта на младата јутјуберка, а по тој повод изјава во полицијата даде и Илиќ.

Многу медиуми со денови пишуваа и известуваа за неговата наводна одговорност.

Затоа, на 11 декември 2021 година, Богдан објави видео со наслов „Се разделивме како пријатели“. Во 16-минутното видео тој призна дека имал јавна кавга со Кика и дека бил свесен дека неговите следбеници пишуваат непристојни коментари на социјалните мрежи, но дека не ги охрабрувал за тоа. Богдан кажа дека тој и Кика се смириле, па дури и дека планирале да снимаат заедничко видео и да соработуваат на проект.

За тоа не сакале да се огласуваат, додека нивните планови не се остварат. Помеѓу останатото, кажа дека пријателите на Кика му кажале дека нивната кавга немала врска со нејзиниот чин, а тој, цитирајќи ја нејзината сестра, побара од јавноста да престане да шпекулира за нејзината смрт.


Тоа видео за само неколку часа собра над милион прегледи на Јутјуб и беше прво на трендинг. Неколку дена подоцна во Србија беше покрената петиција за забрана на натамошно емитување на видеата на Богдан. Според веб - страницата peticije.online, таа е иницирана поради „навреда на други јутјубери и корисници на Јутјуб“. Иницирана е од Сања Кнежевиќ, која напиша дека „содржината што ја објавува дотичната личност има лошо влијание врз општеството, а особено врз помалите деца“. До декември 2021 година, над 26.000 луѓе ја потпишаа петицијата.

Според податоците на порталот Socialblade.com, каналот на Бака Прасе заработува помеѓу 1.800 и 28.700 долари,додека годишната заработка се движи од 21.600 до 344.800 долари. Спеак, независните аналитичари и алатки претпоставуваат дека вкупната месечна плата на Богдан не надминува 5.000 евра. Младиот јутјубер често се фали со автомобили, часовници и брендирана облека и обувки, а не крие ни дека заработува многу повеќе од родителите на своите верни следбеници. Едно време ја имаше и играчницата „Институција“ во Белград, но ја затвори. Сепак, Богдан на своите следбеници им докажа дека уредно плаќа данок на заработката.

Приватен живот

Како што веќе кажавме, Богдан Илиќ е роден во 1996 година. Неговиот татко, Ненад Илиќ е режисер, писател и православен свештеник, кој моментално службата ја врши во Амстердам. Мајката на Богдан, Анастасија, покрај Факултетот за драмски уметности, завршила и Теолошки факултет во Белград.

Богдан има постар брат кој се вика Павле и постара сестра по име Јелисавета, но и помлада сестра, која се вика Наталија.

Откако почнал да заработува од играње игри и Јутјуб, се осамостоил, но продолжил да им помага на родителите, братот и сестрите. Видеата во кои се појавуваат членовите од семејството Илиќ се помеѓу најпопуларните на неговиот канал. Популарни се и видеата кои ги снима со пријателот и колега Данило Бадњар Чода, кој едно време му беше и цимер.

За приватниот живот за младата ѕвезда која се претставува како Бака Прасе медиумите често пишуваа.

Го поврзуваа со многу познати девојки, како Зорана Јовановиќ, Едита Арадиновиќ, Теодора Џехверовиќ и други.

Тој не го крие бурниот љубовен живот, меѓутоа никогаш не зборуваше искрено за своите партнерки, сѐ до 2020 година, кога ја запозна Ања Благојевиќ. Станува збор за девојка од Добој, која на социјалните мрежи е позната по името Ања Бла. Двојката живееше и заедно, а можноста за првпат да запознаат некоја негова девојка добија не само неговите следбеници, туку и родителите. Но, за жал на оваа врска дојде крај и Бака сега е повторно слободен.

фото: Принтскрин / Инстаграм
Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: