Брзате, косата ви е валкана: Трик кој ќе ви скрати времето на миење и сушење на косата
Вашата фризура ќе изгледа свежo и потполно чисто...
ТикТокерката Одри покажа трик кој сигурно ќе им го олесни животот на сите девојки.
Доклку брзате за да излезете од дома или косата ви е толку густа што просто ве мрзи да ја сушите со часови, ова е решение за вас. Одри наведува дека нејзината коса е комплетно чиста, богата со волумен, а всушност станува збор за само 25 проценти чиста коса.
Долниот слој од косата врзете го и издвојте го само оној што е на површинскиот, преостанат дел. Измијте ја така што нема да го мокрите остатокот од косата, исушете ја и исфенирајте ја.
За понатамошни инструкции погледнете го видеото во продолжение: