Брзо тестирање во виенските училишта: Воведоа тест за коронавирус со гаргара

Брзо тестирање во виенските училишта: Воведоа тест за коронавирус со гаргара

Објавена во: Совети // School zone

Откако виенските власти во август за првпат дозволија употреба на тестови за коронавирус со гаргара, за хрватските повратници, австриското Министерство за образование, наука и истражување, во соработка со Виена, сега ги воведе овие тестови во сите виенски училишта.

Со овој вид на тест, можно е да се тестираат голем број луѓе за кратко време, а во споредба со тестовите од носната празнина, тоа не предизвикува непријатност. За испитувањето се користи вода за гаргара. Резултатите пристигнуваат во рок од 24 часа.

Во случајот со училиштата, австриското Министерство ги забрза тековните постапки за тестирање, а тестирањето во училиштата ќе го вршат мобилни медицински тимови, доколку е потребно. Министерството на градот Виена кој ќе биде надлежен за логистиката и управувањето со податоци, ќе му овозможи користење и дополнителен број на лаборатории на факултетите и другите научни институции.

Во случај на сомневање за инфекцијата со коронавирус, Здравствениот институт на градот Виена ќе го извести Министерството, кое ќе испрати мобилни тимови - возач, училишен лекар и студент по медицина. Исто така, ќе бидат тестирани и најблиските контакти на ученикот. За учениците под 14 години ќе мора да се обезбеди согласност од родителот.

Училиштата ќе обезбедат поддршка со ставање на распологање на доволно големи или простори и на отворено. Директорот на училиштето ќе ги извести негативно тестираните, а Здравствениот институт оние што се позитивни. На овој начин, на сегашните 90% од потенцијално заразените и тестирани деца им се обезбедува брзо враќање на училиште.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: