БТС одат на пауза за да ги „наполнат батериите“: Секој од момците си отвори посебен Инстаграм профил
Неколку дена откако девојките од групата „Little Mix“ најавија дека одат на пауза, истото го направија и момците од групата БТС.
Откако завршија со претходно закажаните настапи, како натпреварувањето „BTS Permission To Dance On Stage“ и турнејата „Jingle Bell“, групата оди на подолга пауза, стои во соопштението на нивната издавачка куќа „Big Hit“.
„Ова е пауза, не е крај на групата“ - велат од „Big Hit“.
Членовите на БТС имаа повеќе неделна пауза кон крајот на 2019 година и потоа се вратија со полна пареа. Ќе им биде потребен уште еден „продолжен одмор“ за „повторно да се инспираат и да се наполнат со креативна енергија“, се наведува во соопштението.
Претходната година беше и повеќе од успешна за БТС: нивната песна „Dynamite“ се најде на првото место на глобалната листа на „Билборд“.
Пред паузата сите членови отворија посебни профили на Инстаграм.