Бугарија „падна“ пред талентот на Гиговска: „Крива сум“ и таму е хит

Бугарија „падна“ пред талентот на Гиговска: „Крива сум“ и таму е хит

Објавена во: Stars // Музика

Откако на својот прв настап во втората сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“, Антониа Гиговска ја освои македонската, но и српската публика, успесите не престануваат да стигнуваат на нејзина адреса.

По успешната сезона, таа се појави и во All Stars сезоната на ова натпреварување и за малку не ја донесе победата во Македонија. Помеѓу двете сезони таа објави и неколку синглови, кои и денес се пејат, но последниот во низата, „Крива сум“ дефитивно предизвика посебна емоција.


Оваа балада својот успех го доживува и во соседна Бугарија, каде Антониа исто така има многу обожаватели. За ова одличен сведок е и каверот на оваа кој се појави на Инстаграм. Истиот е отпеан од Наталие Ангелова, која доаѓа од Бугарија. Таа покрај видеото напиша дека оваа песна и е омилена во последните неколку недели.

Како звучи „Крива сум“ во изведба на Наталие слушнете во продолжение:


Може да ве интересира:

Плачев секој ден: Интервју со Антониа Гиговска

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: