Ги избркав сите од сетот: Антониа за солзите во спотот за „Крива сум“

Ги избркав сите од сетот: Антониа за солзите во спотот за „Крива сум“

Објавена во: Stars // Музика

„Имам очи, оставени на суша, допир како магла, гласен шепот и неми раце“ - ова се почетните стихови од новата емотивна балада на нашата млада пејачка Антониа Гиговска. Текст полн со метафори, кој буди неверојатни емоции, напишан од Игор Џамбазов. Музиката за истата ја направи познатиот композитор Дарко Димитров.

„Отприлика од пред една година се правеше песната и размислувавме кој би можел да напише текст за 'Крива сум', затоа што е една претешка песна и е претешко да се напише текст за неа, особено ваков. Заедно со Даре заклучевме дека вистинскиот избор е Игор. Веднаш го исконтактирав, тој ми е многу близок и за отприлика три - четири дека го напиша текстот и ми го прати.“ - ни откри Антониа.

Песната создадена само за неа, ја натерала пејачката да размисли малку.

„Искрено, првично бев скептик за текстот, затоа што помладата публика можеби не би го разбрала, бидејќи има многу метафори. Но, подоцна си реков нека биде што ќе биде, ќе ја објавам песната. Навистина ми е многу драга. Веднаш кога влегов во студио знаевме дека е тоа - тоа. Откако почнавме да снимаме, до крајот верувавме во неа и знаевме дека текстот е полн погодог.“ - беше искрена Гиговска.

Мометално во нејзиниот љубовен живот цветаат рози, таа е во среќна врска со пејачот Иван Јованов, а ова е навистина емотивна балада. Антониа за Хаштаг ја откри тајната за успешната интерпретација.

„Па, искрено за се нешто си постои причина. Не би рекла дека емоцијата е сама од себе. Знам да се внесам во песната, знам кога снимаме спот да бидам тотално во тој свет и внесена во тоа, можеби и поради тоа и не ми беше тешко. Песната е преемотивна и не можеш да си имун на тоа.“

„Крива сум“ уште од самиот старт си доби видео спот во кој Антониа имаше многу емотивни моменти. Сите можеа да ги видат нејзините солзи, а еве кој успеа да допринесе до уште повеќе солзи.

„Искрено за моите солзи допринесоа и светлата кои што беа на снимањето. На таква песна не можеш да не се расплачеш.“

Не може да помине снимање без интересни моменти. Една од најинтересните е онаа кога младата пејачка ги избркала сите од сетот.

„Додека снимавме, сите луѓе беа околу мене, стилистката, Даниел, другиот Даниел - снимателот и сите други кои што беа на снимањето. Толку ме смееја и толку ми беше тешко во еден момент да се внесам во песната, што дури го терав Даниел - шминкерот да оди и да земе капки за очи, за да може да се сними последната сцена, кога веќе дефинитивно не можев да испуштам солзи. Мораше нешто да направиме и мораше да ми стави капки во очите. Тоа беше најинтересно, иако потоа ги избркав, зошто кога има некој внатре едноставно не можам да се фокусирам, а камо ли да заплачам. Им реков: 'Ајде мрш од тука, одете си во собата каде што се шминкаме. Одете седете си таму, не можам да се фокусирам, не можам да плачам,  не можам ништо да правам.'“ - низ смеа раскажуваше Антониа.

Како изгледа целиот пакет за „Крива сум“ погледнете во продолжение и не заборавајте да си земете марамчиња, доколку пуштите солза, две.


И.М.
Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: