Цеца никогаш не се помири со оваа загуба: Како за последен пат се прости од Тоше Проески

Цеца никогаш не се помири со оваа загуба: Како за последен пат се прости од Тоше Проески

Објавена во: Живот // Живот

Вчера се одбележаа 13 години од смртта на пејачот со ангелски глас, Тоше Проески.

Една младост згасна за момент, а празнината која ја остави зад себе и понатаму се чувствува. Многу негови колеги до ден денешен не може да се помират со загубата.

Светлана Цеца Ражнатовиќ беше една од многубројните ѕвезди кои го испратија до вечниот дом. За тоа колку ја погоди оваа трагедија говори и видеото на кое се гледа дека тешко и низ солзи се простува од својот млад колега.

„Тоше беше прекрасно момче, посебен човек. Засекогаш ќе остане голема тага по него. Сите ние останавме ускратени за еден ангелски глас, за еден прекрасен човек, за еден голем хуманист. Кога слушнав за трагедијата, бев буквално шокирана. Една младост згасна за момент“ - рече во една прилика Цеца и додаде:

„Го испратив на последниот пат, но во секој случај тој живее во сите наши срца, низ секоја своја песна, низ секое свое дело“.

Погледнете го видеото од погребот на Тоше и како Цеца се прости од него:


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: