Цеца проговори за кариерата на Анастасија: Не ѝ е лесно, ѝ кажав дека не е јас

Цеца проговори за кариерата на Анастасија: Не ѝ е лесно, ѝ кажав дека не е јас

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ гостуваше во утринската емисија телевизија „Пинк“ и во таа прилика се присети на концертот на Ушче, но и зборуваше за кариерите на ќерката Анастасија и синот Вељко.

Прво ги евоцираше спомените од концертот, кој и понатаму го држи рекордот на најпосетен во Европа, а според податоците на Википедија е 8-ми најпосетен на светот.

„Забавата на Ушче траеше повеќе од 3 часа. Можев да пејам и седум часа без престан. Тоа може да се повтори. Добра песна и добар албум - тоа ја привлекува публиката. Кариерата е создавање песни, а сѐ останато е пропратно. Можете да утнете еден албум, но не и повеќе. Не сум некој кој по секоја цена сака да има нов албум и да ги спушта критериумите. Последниот албум го извадив во 2016 година, а од тогаш ниту една песна не ме пронајде. И понатаму барам песни“ - кажа Цеца и откри дека од првиот голем концерт не ја менувала целата на картите.

„Од Маракана никогаш не сум ја променила цената на картите. Сметам дека тоа е почит за мојата публика. Се трудев да ги заштитам и секој да може себе да си дозволи да дојде и да ужива“ - кажа таа и проговори за кариерата на своите наследници.

„Анастасија одлично пее фолк музика, но и понатаму е ориентирана кон поп. Не ѝ е лесно на неа. Има успешна мајка и нормално е дека ќе ја споредуваат. Јас ѝ кажав: „Ти си Анастасија Ражнатовиќ, не си Цеца и треба да го градиш својот пат“. Истото му го кажав и на синот: „Ти не си Жељко, ти си Вељко“. Анастасија не е гладна за кариера, таа ужива во тоа што го прави и оди полека. Таа е голема тремаџика и ми создаде голема тензија пред својот прв настап во Париз, што цело време во главата бев со неа таму, и покрај тоа што имав настап на Копаоник. Ми поставуваше разни прашања, што ако ми се заглави потпетицата на сцена, што ако не испеам добро. Ѝ кажав само да се смири и да биде опуштена“ - кажа пејачката.

Кога е во прашање кариерата на Вељко, Цеца истакнува дека ѝ е стресно да го гледа синот во рингот.

„Полесно ми е кога сум покрај рингот. Јас сум му апсолутно поддршка. Тој е посветен на тоа и живее за тој спорт. Горда сум на него, ја освои титулата Шампион на Србија и добив појас од него. Во април ќе ни пристигне уште една принова“ - истакна таа и токри дека знае да се налути кога колегите даваат лоши оценки на нејзините кандидати во „Ѕвездите на Гранд“.

„Колегите ги оценуваат децата на кои сум им менторка, и кога ќе бидат малку построги лута сум. Знам убаво да се побунам. Јас работам со тие деца, не сум ѝ ментор на сопствената ќерка, но на нив им се имам посветено. На сите ни е цел да го извлечеме нивниот максимум“- кажа.

Како за крај, посочи дека од јануари, целосно ќе му се посвети на новиот албум.

„Јас прво би сакала да го направам новиот албум и да имам голема промоција на истиот. Од јануари влегувам во студио и се посветувам на тоа“. 

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: