Цела Америка зборува за оваа постапка на Меланија Трамо: Погледнете што направи
Меланија Трамп соопшти дека скулптурата на јапонско - американскиот вајар Исаму Ногучи е поставена во источниот дел од Розовата градина во Белата куќа, која првата дама ја реновираше на почетокто на оваа година.
Делото на Ногучи е поставено во источниот дел од Розовата градина како додаток на моќта која ја симболизира Овалната соба, соопштија од Белата куќа.
Скулптурата под назив „Floor frame“ е подарок од приватното непрофитно историско здружение.
Ногучи е првиот азиско - американски уметник чие дело ќе биде дел од колекцијата во Белата куќа, соопштија Меланија Трамп и Историската асоцијација на Белата куќа.
„Скулптурата не само што ја илустрира разноличноста помеѓу најдобрите уметнички дела на нашата нација, туку исто така го истакнува и прекрасен придонес на азиско-американските уметници во пејзажот на нашата земја“ - рече Меланија Трамп во соопштението по повод поставувањето на делото на Ногучи.