Цело време имате искривен звук за сопствениот глас: Како да дознаете како ве слушаат другите?
На овој начин може да го слушнете својот глас, онака како што другите го слушаат...
На многумина сопствениот глас им звучи чудно и смешно кога ќе го слушнат на некое видео, но тоа не е баш веродостојно. Боб Физер, човек кој заработува така што го позајмува својот глас, на Тикток откри трик кој ќе ви помогне да го слушнете реално сопствениот глас, т.е. онака како што им звучите на другите.
„Еве зошто не ви се допаѓа сопствениот глас. Не ви е познато како вашиот глас звучи од друга перспектива“ - вели Физер во видеото, кој потоа објасни дека гласот кој го слушате кога зборувате под влијание на звуч што „ечи“ во вашиот череп.
„Цело време слушате искривен звуч на сопствениот глас“ - додава тој, а потоа покажува како да дознаете како им звучите на другите.
Сѐ што е потребно да направите е да ја испружите дланката, прстите да ги соберете еден до друг, а потоа дланките да ги ставете на двете страни од лицето, помеѓу ушите и коските на вилицата.
„Така им звучите на другите луѓе“ - порачува тој на крајот од видеото, кое стана многу популарно на социјалните мрежи.
Луѓето се воодушевени од овој трик, а гласот навистина звучи поинаку кога рацете ќе ги поставите на овој начин. Сепак, на многумина не им се допаѓа како им звучат на другите.