Целодневен престој ќе нема, градинките може да се затворат: Пред важни одлуки е Комисијата за заразни болести
Комисијата за заразни болести, денес на состанок ќе мора да одлучи за едно од најважните прашања за родителите, а тоа е дневниот престој. Тие се загрижени за тоа каде ќе ги згрижат децата откако ќе им завршат часовите и истакнуваат дека со овој проблем се соочуваат уште март, со прекинувањето на наставата поради епидемијата на коронавирусот. Истовремено нагласуваат дека нивните деца ги пријавиле за настава со физичко присуство не само поради тоа што ќе добијат поквалитетно образование и дека во училиште дефинитивно може многу повеќе да се научи, туку и заради тоа што веруваат дека во текот на денот ќе бидат згрижени во училиштето. Во повластена положба беа само родителите на децата до 10 години, вработени во јавните институции и администрација на кои им беше дозволено да останат дома и да се грижат за нив.
„Иако сме свесни дека целодневен престој нема да биде дозволен, сепак ќе почекаме да видиме што ќе одлучи Комисијата за заразни болести. Можеби ќе се најде некое решение и за овој проблем“ - велат родители на деца од второ одделение кои ќе имаат настава со физичко присуство.
Целиот текст може да го прочитате на Фактор.