Чанта од 4200 евра! Бресквица никогаш поелегантна, околу врат злато, а на рака сјае прстен

Чанта од 4200 евра! Бресквица никогаш поелегантна, околу врат злато, а на рака сјае прстен

Објавена во: Мода // Moj стил

Како и многу нејзини колешки, така и Анѓела Игњатовиќ Бресквица имаше работен викенд и закажани настапи во странство.

Младата пејачка често е во спортски изданија, а овој пат се одлучи за елегантна летна комбинација.

Таа носеше комбинација со светли тонови, патики и кафена чанта Валентино која чини 4.200 евра. Својот стајлинг пејачката го заокружи со елегантен накит, а околу вратот носеше златно ланче, а на раката блескаше златен прстен со камен.

Уморна од напорниот викенд, Бресквица го зеде багажот и се упати кон својот дом.


Во врска со полицаец

Да потсетиме, Бресквица е во среќна врска со Никола, кој по професија е полицаец и е осум години постар од Ангела.

- Тој е некој на кој му се допаѓа неговата приватност и не сакам да го покажувам ако не сака. Тоа е во ред, и нема проблем меѓу нас околу тоа. Едноставно, јас имам своја работа, тој има своја. Секогаш сме заедно, не сме разделени. Едноставно, тој не е некој што сака да се експонира и јас тоа го почитувам - изјави во една прилика Бресквица.


foto: instagra 

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: