Чарли Д'Амелио ги осуди „ужасните“ ТикТокери кои ги исмејуваат луѓето со посебни потреби

Чарли Д'Амелио ги осуди „ужасните“ ТикТокери кои ги исмејуваат луѓето со посебни потреби

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Чарли Д'Амелио реши да го искористи своето влијание за да го насочи вниманието на ужасниот тренд кој овие денови кружи на ТикТок.

Младата ѕвезда на оваа социјална мрежа на Твитер ги нападна луѓето кои се дел од „Предизвикот Аутизам“ на споменатата мрежа.

Овој „предизвик“, доколку може така да се нарече, користи звуци со кои ги исмејува луѓето со посебни потреби, а голем борј на луѓе решија да снимаат видеа со овој звук.

За среќа, овој хаштагот со овој предизвик е отстранет од ТикТок, но проблемот останува.

„Здраво на сите, на ТикТок кружи звук со кој се исмејуваат луѓето со посебни потреби. Тоа во потполност е неприфатливо, особено и фактот дека луѓето сметаат дека тоа е во тренд и затоа не навредува никој е потполно грдо“ - напиша Чарли на Твитер.

<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="en" dir="ltr">hello everyone, there is a sound going around on tiktok making fun of disabilities. that is completely unacceptable, wrong, and the fact that people think that the ”trend” is not disrespectful and disgusting is not okay!</p>&mdash; charli d’amelio (@charlidamelio) <a href="https://twitter.com/charlidamelio/status/1261722472551985155?ref_src=twsrc%5Etfw">May 16, 2020</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>

На нејзина и наша среќа, имаше многу луѓе кои ја поддржаа. 

„Поради ова те сакаме“ - напиша еден нејзин следбеник, а друг додаде: „Ти благодарам што ја користиш оваа платформа за да споделуваш добри работи“.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: