Чарли Д'Амелио конечно изјави што мисли за Каби - нејзината најголема конкуренција на ТикТок

Чарли Д'Амелио конечно изјави што мисли за Каби - нејзината најголема конкуренција на ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Беше искрена...

Чарли Д'Амелио дури две години беше најследената ТикТокерка. Од тој период кога ТикТокот стана екстремно популарен, таа завладеа, но некаде кон средината на оваа година, титулата ѝ ја зема Каби Ламе.

Кон средината на 2022 година по долги две години, Чарли беше симната од тронот, како најследена ТикТокерка. Тоа пево и заслужено место го зазеде Каби Ламе, кој и ден денес е на таа позиција, а моментално има повеќе од 150 милиони следбеници. Многумина се прашуваат какво мислење има Чарли за него, со оглед на тоа што ја симна од тронот, а сите знаеја дека таа има најмногу следбеници и не очекуваа дека некој ќе успее да ја престигне.

Но, интересно е тоа што Каби снима потполно различни видеа, во кои не изустува ниту еден збор, а има многу следбеници. Сите веќе знаат за него, а Чарли, како што пишува „Just Jared“ кажа што мисли за неговиот начин на снимање видеа.

„Каби Ламе не треба да каже ниту еден збор - неговите видеа ќе ве поттикнат да се смеете со солзи и тоа за само неколку секунди. Затоа тој сега е крал на ТикТок, со скоро 150 милиони следбеници кои не можат да престанат да ги гледаат неговите урнебесни реакции на секојдневните ситуации кои луѓето ги комплицираат“ - изјави таа.

@khaby.lame It wasn’t what I expected#learnfromkhaby #learnontiktok suono originale - Khabane lame

Очигледно е дека Чарли воопшто не е љубоморна или лута на него. Напротив, драго ѝ е што тој сега е на првото место, бидејќи очигледно е дека неговите видеа ѝ се смешни и на неа. Освен тоа, таа веќе стана планетарно популарна, па не ѝ важно дали е на првото место или не.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: