Чарли Ди Амелио ги изненади сите: Го губам интересот за ТикТок

Чарли Ди Амелио ги изненади сите: Го губам интересот за ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Дикси Ди Амелио и нејзината помлада сестра Чарли заработуваат толку многу пари од ТикТок, што би било лудо да ја прекинат кариерата во овој момент, кога интересот за нив е најголем. Тие планираат да започнат семејно реално шоу, кое е исто така добро за популарноста, и честопати наидуваат на некои контроверзни приказни во медиумите, како на пример дека Дикси ги контролира секоја изјава и чекор на Чарли. Не знаеме дали ова има врска со Дикси, но Чарли тврди дека нејзиниот интерес за ТикТок целосно опаднал!

Чарли и Дикси имаат свој подкаст наречен „2 Chix“ каде што зборуваат за нивните различни интереси, а Чарли призна дека ТикТок повеќе не спаѓа во таа категорија. „Некако ја изгубив страста за тоа, иако порано беше премногу забавно за мене“ - признава таа во новиот подкаст во кој овојпат беше сама, без Дикси.

„Многу е тешко да сакаш да продолжиш да објавуваш видеа на таа платформа, бидејќи има многу негативни коментари, луѓето кои ги гледаат вашите видеа, а не ве сакаат, оставаат зад себе само омраза, многу е тешко да преживеете така“ - признава Чарли.

Чарли признава дека и се создава и фобија од искажувањето на мислењата на кое било друго место, освен на нејзиниот подкаст, а сето тоа е заради навредите што ги добива: „Сите чекаат само погрешен чекор, да скокнат и да те критикуваат, и да направаш грешка и нешто да тргне наопаку. Тоа е морничаво чувство и затоа скоро и да не зборувам никаде освен тука на подкастот“ - вели таа.

Чарли дефинитивно е во право кога станува збор за овие работи - доживеа огромна омраза за своето однесување кон домашниот готвач, а исто така беше исмејувана кога хаштагот #hereforcharli наменет за Чарли XCX го усвои како своја поддршка. Сепак, хејтерите не простуваат!

На крајот на краиштата, Чарли вели дека нејзината содржина не е таму за да предизвика одредени „чувства“: „Јас поставувам содржина затоа што е забавна и ако на луѓето им се допаѓа и сакаат да ме поддржат, супер, а ако не, дефинитивно тоа е нивна одлука. Јас не сум тука за да влијаам на чувствата на поединците“ - заклучува таа.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: