Чарли Ди Амелио се огласи: Која е причината поради која не ја следи Адисон Реј?
Чарли Ди Амелио и Адисон Реј се најголеми женски ѕвезди на ТикТок, но тие две никогаш не биле во конфлик. Напротив, тие две дури и соработуваа, па сите останати беа шокирани со тоа што Чарли престана да ја следи Адисон на Инстаграм. Многумина по ова помислија дека тие две повеќе не се другарки.
Имено, Чарли ги исчисти својот Инстаграм профил и притоа престана да следи голем број фан страници, но и Адисон Реј. Потоа, Адисон стави твит со емотикон од скршено срце, а некој од обожавателите ѝ кажа: „Ако ова е затоа што Чарли престана да те следи, јас само се надевам дека помеѓу вас сѐ е во ред“ - пренесува Pop Buzz.
— Addison Rae (@whoisaddison) November 28, 2021
Сепак, Чарли се огласи и кажа дека нема причина за драма! Во серијата твитови кои подоцна ги избриша, таа кажа: „Не грижете се, сѐ е во ред - мојот профил е на чекање, но јас ќе можам да заследам уште фан страници ако профилот ми е помалку пренатрупан, но тоа значи дека морам да почнам од нула. Ве сакам сите. Мојот Инстаграм никако не работи добро, а јас следам премногу профили и тогаш резервната копија трае долго време. Се надевам дека ова ќе помогне за тој поретко да трокира.“
Интересно е што Чарли од тогаш заследи скоро 500 профили, но Адисон не беше помеѓу нив.