Часовник на неделата: Иако сте сингл, бидете уникатни и за Денот на вљубените
За Денот на вљубените, градот е исполнет во црвено. Црвени мечиња, црвени аксесоари, црвени кутии за подарок... а, вљубените на овој ден се во центарот на вниманието.
Од „Божиновски“ се потрудија месецот на љубовта да го направат посебен и на оние кои се сингл. Имено, ја пуштија во продажба нивната нова колекција Swatch Valentines 2021, која е наменета токму за оние кои се без партнер/ка.
Часовникот P(E/A)NSE-MOI од претходноспоменатата колекција е нашиот предлог за оваа недела. Неговиот дизајн ќе направи да не се чувствувате лошо, бидејќи сте сами и нема сродна душа покрај себе.
Истиот може да го најдете во продавниците на „Божиновски“ за само 5.800 денари.
Може да ве интересира:
Часовник на неделата: Бидете уникатни со „BAU - BBLES“ од Swatch
Часовник на неделата: Моделот кој оваа сезона им е омилен на инфлуенсерките