Чекаме насоки од МОН: Директорите на средните училишта не знаат како ќе се одвива образовниот процес од септември

Чекаме насоки од МОН: Директорите на средните училишта не знаат како ќе се одвива образовниот процес од септември

Објавена во: Совети // School zone

Додека сите очекуваат да ги слушнат деталите за тоа како ќе работатат училиштата ширум државата од 1 септември, вчера Министерството за образование и наука обајви Упатство со прирачник за одржување на училишните објекти. Прирачникот беше дополнет со видео во кое е презентирано како се чистат и дезинфицираат училишните згради.


Ова Упатство со прирачник за одржување на училишните објекти е изработен во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Истиот е спроведен од Македонскиот центар за граѓанско образование, а во соработка со МОН, клучните образовни институции, како и сите општини и училишта во нашата држава.

Во меѓувреме ги контактиравме директорот на СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“ и директорката на средното медицинску училиште „д-р. Панче Караѓозов“, кои за Хаштаг открија дека тие имаат некои идеи за тоа како да го продолжат образовниот процес од септември, но додека не добијат конкретни инструкции од Министерството за образование не се во можност да изработат конкретен план.

„Се уште немаме добиено официјални насоки од МОН. Ние размислуваме за варијанти, но се додека не добиеме конкретни инструкции не можеме да изработиме план.“ - вели Маја Салиу, директорката на средното медицинско училиште.

„Ние зависиме од МОН. Дадовме некои насоки, но сепак чекаме официјална потврда од нив“ - се надоврза Александар Канурков, директорот на СЕПУГС Васил Антевски - Дрен.

Од Фактор дознаваат дека кога ќе биде договорена конечната верзија, истата ќе треба да ја усвои и Владата, а потоа да биде испратена до сите училишта кои ќе треба да се организираат и да се приспособат кон условите за безбедна настава. Надлежните велат дека финалниот модел по кој ќе стартува и ќе се одвива новата учебна година на јавноста ќе и биде презентиран на 10 август, а дотогаш сите ќе бидат во исчекување.

И.М.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: