Чекор по чекор: Како правилно да ги ставите сијаличките на елката без да се заплеткате?
Декоратор објаснува кој е најлесниот начин...
Време е празничното украсување на домот. Покрај украсувањето на елката, вратата, прозорците и сите останати делови од домот, сијаличките се оние кои даваат најголема магија на целата оваа приказна.
Поради тоа што во останатиот дел од годината ги чуваме во кутии, често се случува истите да бидат вплеткани кога ќе ги извадиме за да ги наместиме на елката.
Сопственикот на бруклинсакта компанија за дизајн „Avi Adler“, Дејвид Старк вели дека многумина дури откако ќе ги стават сијаличките на елката сфаќаат дека не треба на подот да имаат мрежа од заплеткани кабли. За да го избегнете ова, Адлер препорачува да ги поставувате горе - доле, наместо само да ги фрлите или да ги поставувате по цик-цак шема.
„Сијаличките треба да се ставаат горе - доле, а не насекаде“ - вели Старк, а декораторите од центарот Рокефелер во Њујорк за „Real Simple“ чекор по черок објаснија како правилно да ги наредите сијаличките на елката.
# Од прилика пресметајте колку долги сијалички ви се потребни за новогодишната елка.
# Пред да почнете да ги ставате, вкличете ги и проверете дали работат.
# Поделете ја елката на три еднакви дела и започнете да ги редите сијаличките по ред.
# Доколку сакате да ги поставите хоризонтално или исправено, што е повеќе традиционален метод, почнете од дното и редетеги околу и во гранките.
# Нека дел од сијаличките ви бидат вметнати во гранките, а дел поблиску до предната страна.
# Крајот на жицата сокријте го така што ќе го вметнете длабоко во гранките.
# Доколку некоја гранка виси или не изгледа убаво, извадете ја со ножици.
Во продолжение погледнете го и видеото во кое детално е објаснета процедурата на местењето сијалички на елката: