Чекори по стапките на својот познат татко: Синот на Влатко Стефановски освојува со својот талент

Чекори по стапките на својот познат татко: Синот на Влатко Стефановски освојува со својот талент

Објавена во: Stars // Музика

Еден од најпознатите македонски музичари и виртуоз на гитара Влатко Стефановски, приватно е горд татко на неговиот син, младиот и талентиран Јан.

Од пред неколку години, во ритам секцијата на виртуозот е и неговиот син, кој на настапите ширум светот го придружува на тапани. Со самото тоа што се појавува на иста сцена со познатиот татко, талентот на Јан е неоспорен, а дали ќе има успешна и плодна кариера како него, останува да видиме со текот на времето.

Јан е релативно активен на социјалните мрежи, а на неговиот Инстаграм профил освен фотографии од приватниот живот, може да се најдат и многу видеа на кои го покажува својот талент.

Освен синот Јан, Влатко ја има и ќерката Ана, која пред неколку години на Универзитетот во Падова заврши докторски студии по италијански јазик и книжевност.

фото: Принтскрин / Инстаграм
Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: