Чендрер потврди: Тимот на „Пријатели“ ќе се обедини во март

Чендрер потврди: Тимот на „Пријатели“ ќе се обедини во март

Објавена во: Stars // Филм

Легендарниот Метју Пери во серијата го играше Чендлер, ликот кој е познат по сарказам и смешните моменти од кои „плачевме“ од смеа. Токму Чендлер ја потврди долгоочекуваната вест!

Долго, долго, се шушкање за обединувањето на актерите од легендарната серија „Пријатели“ и снимањето на посебен серијал. Сега конечно го дознавме датумот кога треба да се случи тоа. Имено, актерот Метју Пери, кој го отелотворуваше ликот на Чендлер, откри дека серијалот ќе почне да се снима во март следната година, пишува Her.

„Обединувањето на „Пријатели“ е одложено за почетокот на март. Изгледа дека следната година ќе бидеме навистина зафатени, исто како што сакам јас!“ - напиша тој на Твитер. 


Серијата требаше да започне да се снима во август оваа година, но снимањето беше одложено поради пандемијата. Сега сите со нетрпение го очекуваат тоа, а спејалот треба да излезе на ХБО Макс.

Метју Пери, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер треба да се обединат во новата специјална епизода и со тоа да ни дадат нов материјал за гледање, кога е во прашање оваа легендарна серија. Сите со нетрпение го очекуваме тоа бидејќи веќе илјада пати ги имаме изгледано старите епизоди.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: