Честит 8-ми март низ креативните честитки од вредните рачиња на учениците од подрачните училишта при ООУ „Гоце Делчев“ - Василево

Честит 8-ми март низ креативните честитки од вредните рачиња на учениците од подрачните училишта при ООУ „Гоце Делчев“ - Василево

Објавена во: Совети // School zone

Денес се празнува Меѓународниот ден на жената, попознат како 8-ми Март, празник посветен на жените. Создаден како ден на сеќавање на борбата за економска, политичка и социјална еднаквост на жените и мажите.

За дечињата овој ден е и Ден на мајката па со голема радост и љубов подготвуваат честитки за своите мајки, баби, тетки.

Така и вредните рачиња на учениците од подрачните училишта во Седларци, Ангелци и Сушево, при ООУ „Гоце Делчев“ - Василево, денес подготвија креативни честитки за своите мајки, честитајќи им го овој посебен ден и низ тоа учејќи за важноста на жената во општеството и животот воопшто.

Погледнете дел од прекрасните изработки на овие вредни ученици:


Мал, но значаен потсетник:
На крајот од секој ден треба да подариме внимание на омилените жени во нашиот живот, не мора тоа да го правите само овој ден, туку секој  ден кога ќе забележите дека вашата мајка, баба, сестра, тетка, пријателка има потреба од тоа.



*Р.Х

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: