Честитка која предизвика бес: Родена е со златна лажица, кариерата ѝ ја купиле, а татко ѝ тврди дека се мачела за успехот (ФОТО)
Таткото на Џиџи Хадид се најде на мета на критиките откако јавно ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка...
Џиџи Хадид неодамна го прослави својот 27-ми роденден, а по бурната година во која ја прекина врската со Зејн Малик, таткото на својата ќерка, на кој претходеше конфликтот со нејзината мајка, изгледа дека во животот на манекенката конечно се наредија коцките.
Сконцетрирана е на работата и полека, но сигурно „се враќа во игра во голем стил“, по паузата која ја направи по породувањето и фокусот на семејството. Всушност, изгледа дека само продолжи таму каде што застана, а тоа го потврдуваат бројните деловни потези кои ги направи во последните месеци.
Меѓутоа, иако нејзината убавина е неоспорна, факт е дека до успехот не дошла смаа, и дека нејзината кариера практично ја има купено мајка ѝ, која од мали нозе ја туркаше во светот на манекенството, ѝ забрануваше да јаде и да има хобија како нејзините врсници... За Јоланда, Џиџи беше „златно дете“, кое во сенка ја фрли и родената сестра Бела, и за кое правеше сѐ што е во нејзина моќ за да стигне до врвот, за што и самата призна во бројни интевјуа.
Меѓутоа, одредени членови од семејството очигледно сметаат дека ништо од тоа не било важно, и дека Јелена, како што ѝ е вистинското име, всушност сама успеала сѐ. Имено, нејзиниот татко, Мохамед Хадид во подолг пост ѝ го честиташе роденденот, а неговите зборови ги разбеснија корисниците на социјалните мрежи.
„Погодете чив ден е денес? На принцезата од Назарет“ - ја започна Мохамед својата честитка.
„Сѐ што создаде, го направи сама. Ти си паметна, вредна и толерантна, жена која ги почитува и сака луѓето без оглед на нивната религиска определба, а сѐ што имаш создаде и го заслужи сама“ - порача нејзиниот татко.
Секако, не е оспорен фактот дека Џиџи ја има убавината и ставот, и дека повеќе пати со своето однесување испрати позитивен пример на многумина, но не е исто кога ќе се родители во едно од најбогатите семејства во Америка и кога сте подеднакво убаво лице од семејство, на пример од средна класа.
фото: Принтскрин / ИнстаграмЗборовите на Мохамед се посебно „трн во око“, ако се земат предвид неговите тврдења дека Џиџи никогаш не била финансирана од нивна страна, иако е факт дека денес не би била таму каде што е доколку татко ѝ и мајка ѝ немале врски, особено кога се во прашање аудициите и слично. Иако денес се слави различноста кога е манекенството во прашање, кога почнуваше Џиџи, моделите мораа да исполнуваат одредени норми, во кои таа сега никако не би се вклопила, туку со текот на времето дојде до она да изгледа онака како што се очекува од неа.
Вратите на моделингот ѝ ги отвори нејзината мајка, поранешната манекенка Јоланда, која со неа ја сними првата кампања кога имала само 7 месеци и тоа за Baby Guess.
По објавата Мохамед, многумина искоментираа дека „Џиџи и Бела се родени со златни лажички во уста“, а не смееме да ги заборави ни солзите на Бела, бидејќи првите дизајнерки модни парчиња ги добила на 18 години.
Дека не било сѐ така како што тврди Мохаменд, своевремено потврди и самата Џиџи, која посочи дека во животот била дете со привилегии. Сепак, исткана дека самата одлучува за свотие деловни потези, и дека за својата позиција во светот на модата се има изборено сама.