Четвртата сезона од „Stranger Things“ пристигнува: Што сè знаеме за неа?

Четвртата сезона од „Stranger Things“ пристигнува: Што сè знаеме за неа?

Објавена во: Stars // Филм

И понатаму немаме многу информации за четвртата сезона од серијата „Stranger Things“, но Нетфликс сега објави нов тизер, па конечно знаеме кога ќе ги гледаме новите епизоди.

# Кога излегува четвртата сезона од серијата „Stranger Things“?

Иако е веќе снимена, серијата поради коронавирусот мораше да биде одложена. Нетфликс најави дека ќе ја гледаме дури во 2022 година, а новиот трејлер посочи дека тоа ќе биде дури следното лето.


# За што се зборува во четвртата сезона од серијата „Stranger Things“?

Сценариото на новата сезона засега се чува во тајност. Ако можеме да погодуваме на основа на она што е досега објавено, Илевен се наоѓа во лудница, а на сите омилениот Хопер се враќа, откако луѓето мислеа дека е убиен.

Сепак, во новото видео кое го објавија, гледаме дека Илевен и Вил одат во ново училиште во Калифорнија.


# Кој ќе глуми во новата сеозна од серијата „Stranger Things“?

Мили Боби Браун, Џо Кири, Сејди Синк, Гејтен Матарацо, Кејлеб Меклафлин, Маја Хоук, Наталија Даер и Дејвид Харбор ќе ги репрезираат своите улоги, а оваа година нè очекува и вистинско изненадување. Српскиот актер Никола Џуричко игра една од улогите. 

# Трејлерот за четвртата сезона на серијата „Stranger Things“...

... сè уште не е објавен! Но, ќе го објавиме што се појави. Сепак, Нетфликс првиот тизер го објави во август 2021 година. Од него не можеме да дознаеме многу, но повотрно - доволно е за да нè заинтригира.


фото: Printscreen/Youtube

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: