Четврток музички спектакл „James Bond“, петок Божиќен орекстар и хор, концерт на Дарио, сабота Викторија Лоба, се ова во Скопје Сити Мол!
Како што веќе Скопје е запознаено со празничниот базар во Скопје Сити Мол, денес ви ја претставуваме програмата за следните денови. Новогодишниот базар ги привлекува посетителите веќе со недели, и тоа се заради интересни содржини и весела празнична атмосфера. Базарот работи секој работен ден од 17:00 часот, додека за време на викендите од 12:00 часот со детска програма.
Skopje City Mall со задоволство ги најави музичките изведби отврени за јавност за оваа недела.
Тоа се:
Среда – Брејк Даун Бенд со Пеце Суперхикс 20:00 часот
Четврток - Камерен Oрекстар Битола „James Bond“ 20:00 часот
Солисти: Наде Талевска, Ирена Димовска, Ана Христова
Петок - Божиќен орекстар и хор 19:00 часоти концерт на Дарио 20:00 часот
Сабота - Викторија Лоба 20:00 часот
Недела – Џанкјард бенд 18:00 часот
Во склоп на празниците е еден нов проект кој е интересен за јавноста, а тоа е празничниот настан кој ќе се одржи во петок од 19:00 часот. Станува збор за божиќен орекстар под палката на Андреј Наунов проследен со хор проект на продукција “Триангл”. Солисти, Полина Тасева, Елена Петреска и Јане Дунимаглоски.
Концертите ќе се одржат на надворешниот Новогодишен базар во Скопје Сити Мол,
До сега ги видовме Тамара Тодевска, Нокаут, Дац и Александар, Саут Парк, Гоце САФ,Pancho Shorty и многу други, а следат уште повеќе Дарио, Викторија Лоба, Aлександра јанева и настапи на оркестри.
“Скопје мириса на цимет и варено вино... Дојдете во Skopje City Mall и почувствувајте ја вистинската празнична магија. Желбите се остваруваат ако силно посакаш и ако не се плашиш да сонуваш. Дојдете на новогодишниот базар и заедно да посакаме посреќна нова, пред најубавата елка во Скопје”велат од Скопје Сити Мол
Секој ден различна музичка бајка. Волшебство во градот – Дојди, посакај, сонувај
Во продолжение музичката програма за оваа недела на. Новогодишен базар во Skopje City Mall.
* ПР - објава