Чинат огромно богатство: Како изгледаат најскапите чевли кои постојат на светот?
Не можеме да веруваме дека токму овие се најскапите чевли кои постојат...
Во ред е некогаш да си дозволиме и да се почестиме со нешто што чини повеќе пари, особено доколку долго време го посакуваме. Без разлика дали станува збор за накит, облека, обувки, фризури, шминка, книга или било што друго, кога треба да прославиме некоја победа, секогаш трошиме многу пари. Или доколку имаме многу парите, тоа би можеле да бидат и овие чевли.
Некои работи се премногу екстравагантни за голем број од нас да може да ги имаат. Добар пример за оваа теорија се најскапите чевли на светот. Gucci чантите или пак накитот од Chanel се ништо во споредба со овие чевли. Но, како изгледаат најскапите чевли на светот? Сигурно сега си замислуваш некој убав и елегантен модел, слични на оние кои Пепелашки ги носеше на балот. Но сепак, најскапите чевли на светот изгледаат вака:
Чинат 17 милиони долари. Ситница! За некој овие чевли се „too much“, но оној кој сака да биде екстра посебен би уживал во нив. Освен што се најскапи, постои само еден пар од нив во целиот свет. Цената е таква поради материјалот од кој се изработени, а станува збор за злато и дијаманти. На дизајнерите им биле потребни 9 месеци за да ги креираат, а нивниот креатор е „Jada Dubai and Passion Jewellees“. Инаку, „Jada Dubai“ е дизајнерска компанија која дизајнира само чевли со дијаманти. Сакале да направат некои уште попосебни и во чија изработка ќе користат ретки дијаманти - и така настанале овие чевли.
Чевли имаат и име и се викаат „The Passion Diamond Shoes“. По многуте прототипови и менување на деталите, ова е конечниот резултат. Дури и натписите на дизајнерите се во внатрешноста на чевлите, кои се направени од вистинско злато.