Чипс или сладолед личност: Што твоите омилени грицки откриваат за твојот карактер?
Зависно од тоа кои грицки ги одбираш со задоволство, тоа може да каже нешо за тебе...
Иако многумина од нас немаат проблем да јадат било какви грицки, има и такви кои не сакаат некои од нив, а меѓу овие неколку, сигурно има и такви кои ти се омилени и кои повеќе би ги изберал/а.
За една личност може да се каже многу врз основа на тоа како се облекуваат или каква музика слуша, и се чини дека дури и нашите омилени закуски можат да откријат некои работи. Една група научници спроведоа големо истражување во која ги испитуваа навиките на луѓето при изборот на храна, вклучувајќи ги и закуските. И излегува дека со оглед на тоа кои закуски најчесто ги бирате или кои најмногу ги сакате, тоа може да каже нешто (многу) за вас.
# Чипс - амбициозност
Личноста која ќе одбере чипс и нема да го испушти додека не останат само ронки на дното е крајно амбициозна и на сè гледа како на натпревар. Таквите лица се карактеризираат и со тоа што немаат многу трпеливост. Љубителите на чипсови се луѓе кои ќе одат далеку, кога е деловниот успех во прашање, затоа што ги имаат сите квалитети потребни за да го направат тоа. Тие не се откажуваат од нешто толку лесно - или од напредување во бизнисот или од пакувањето со чипс.
# Солени крекери - чувствителни
Луѓето кои ќе изберат солени крекери како омилена закуска се оние кои се поврзани со карактеристики како тивки, мирни, срамежливи и внимателни. Иако се смирени, овие луѓе одлично се снаоѓаат под стрес и не им е проблем да направат 10 работи одеднаш - тие ќе се истакнат во сè. Креативни се и повеќе сакаат да направат нешто каде што ќе можат да ја покажат таа креативност отколку да излегуваат на состанок. Лесно се повредуваат.
# Грицки со вкус на сирење - пристојни
Ова е група каде што нема да се најдат многу луѓе, но закуските со вкус на сирење мора да се издвојат како посебни затоа што се. Поради нивниот вкус, тие се специфични и нема да им одговараат на сите. Луѓето кои обожаваат какви било закуски со овој вкус се оние кои особено се држат до моралните вредности. Никогаш нема да ги фатите како кршат правило или се однесуваат грубо. И не затоа што добро го кријат тоа, туку затоа што не ги привлекува. Правилата ги следат како малку други.
# Тортиљи - перфекционисти
Љубителите на тортиљи се оние луѓе кои сакаат да планираат и кои сакаат сè да биде добро организирано. Не можат да се справат со хаосот, и оној во главата и оној во просторот каде што живеат. Тие се средени и секогаш внимаваат нивната соба да изгледа најдобро. Во нив лежи мал перфекционист кој не им дава мир.
# Кисели бомбони - кавгаџии
Киселите бонбони се многу специфична работа за закуска со филм, дури и поспецифична од закуските со вкус на сирење. Бомбоните кои се кисели, но и слатки се омилени кај луѓето кои сакаат да се расправаат и кои честопати се незадоволни од сè. Тие реагираат на сè како напад врз себе, дури и кога тоа не е случај. Не можат да се опуштат. Сепак, причината зошто тие најчесто се незадоволни е тоа што имаат премногу високи стандарди кои не се лесни за исполнување и затоа многу пати завршуваат разочарани.
# Переци - забавувачи
Луѓето кои најмногу сакаат да грицкаат переци се луѓе кои се дружељубиви, секогаш опкружени со многу луѓе, лесно остваруваат нови пријателства и секогаш се омилени во општеството. Тие се вистински забавувачи и секогаш имаат најдобар коментар за сè и знаат кога и како да се пошегуваат. Покрај тоа, карактеристиките како спонтаност и лудило (во позитивна смисла) се поврзани со нив. Тие секогаш се подготвени за секоја авантура.
# Сладолед
Зависно од тоа кој вкус им е омилен на љубителите на сладоледот, им се открива вистината за карактерот.
Сладолед од јагода - личности кои се верни и оние кои се радуваат кога треба да поминуваат време самите со себе, отколку со другите луѓе.
Сладолед од ванила - личности кои не се плашат да покажат и кажам што чувствуваат, често не размислуваат пред да направат нешто, но тоа е затоа што не се плашат од последиците се подготвени да ризикуваат.
Сладолед од чоколадо - драма „квин“ личности кои истовремено на сите околу себе ќе им закомплицираат, но и разубават животот, а покрај ова тие се и многу шармантни.
Луди вкусови сладолед - луѓе кои се радуваат на малите работи во животот и кои сакаат спонтаност.