Чизми кои по популарноста ќе ги засенат сите останати: Оваа есен и зима најмногу ќе се носи ОВОЈ модел

Чизми кои по популарноста ќе ги засенат сите останати: Оваа есен и зима најмногу ќе се носи ОВОЈ модел

Објавена во: Мода // In and Out

Чизмите се идеални за сите девојки кои обожуваат да носат здолништа и фустани...

Ова е моделот на чизми кој во текот на есента и зимата ќе го гледаш повеќе од вообичаено. Иако вистинската есен се уште не е се стигната, температурите полека паѓаат и наскоро ќе може да облечеме и чизми без страв дека ќе ни биде топло или дека сите чудно ќе не гледаат.

Трендовите и овој пат ги диктираат најголемите „фаци“ од светот на мдоата низ одржување на ревии. Уште во текот на летото започна откривањето на есенските колекции, а иако тогаш беше прерано да се зборува за тоа, сега е вистинското време. Есента е пред врата и треба да се пуштиме во потрага по чизми кои ќе ни ги греат нозете кога ќе врне, но и кои ќе изгледаат убаво и ќе бидат согласни со твојот стил. Доколку сакаш да бидеш во тренд, оваа година ќе треба да си набавиш високи чизми над колена.

 Најголемите дизајнери, како на пример Викторија Бекам, во своите нови колекции за есен/зима 2020 година како главни чизми ги претставија токму овие. Не е ништо ново ниту нешто што досега не се носело, но оваа година ќе бидат вистински хит. 





Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: