Часовник на неделата: SWATCH BLINDED BY NEON за љубителите на ретро стилот
Овој преубав ретро часовник е инспириран од иконата на Swatch од 80-тите: TECHNO-SPHERE GK101. Неговиот проѕирен, неонски жолт отсечен бројчаник е поставен во проѕирно мат куќиште - интересен контраст со темнозелено ременче од биоразградлив матерјал.
Овој часовник на Swatch може да го најдете во сите продавници на „Божиновски накит и часовници“, како и на нивната веб-страница по цена од 8.600 денари.