Чудни фобии на познатите: Знаете ли кој се плаши од жирафи и кој е најголемиот страв на Тејлор Свифт?

Чудни фобии на познатите: Знаете ли кој се плаши од жирафи и кој е најголемиот страв на Тејлор Свифт?

Објавена во: Мода // Moj стил

Без разлика дали признаваме или не, сите се плашиме од нешто што многу други луѓе го доживуваат тоа како нешто сосема обично. Ист е случајот и со познатите, но наместо страв од висина, голем број на луѓе или нешто „обично“, тие многу се плашат од одредени животни, пренесува „Daily Star“. Сепак, тие се барем храбри и го признаваат тоа.

Адел се плаши од галеби, а тоа влече корени од нејзиното детството, поточно кога имала девет години.

„Тој огромен галеб долета и ми го зема сладоледот. Мислев дека ќе ме однесе и мене“ - раскажа таа во една прилика.

Од друга страна, актерката Кристен Сјуарт вели дека поднесува коњи, бидејќи во детството паднала од еден. Сепак, таа за потребите на филмот „Снежана и ловецот“ морала да јава!

Раперот Еминем е особено интересен, бидејќи вели дека воопшто не му годат жирафите.

„Човеку, чудни ми се жирафите... Не ми се допаѓаат нивните вратови“ - кажа тој, а призна и дека има страв и од був.

За Тејлор Свифт нема ништо пострашно од еж, особено од морски. 

„Тие се како гранати. Само седат во место и чекаат да ве повредат“.

Ниал Хоран има страв од гулаби, а тој одамна објасни дека тоа е затоа што еднаш еден му низ прозорецот му влетал во бањата и го нападнал. 

Конечно, Ријана се плаши од риби, иако израснала во островска земја - Барбадос. Таа вели дека токму таму пливала во морето и добила паничен напад откако забележала дека рибите ѝ пливаат околу нозете.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: