Чудни работи кои ги правиме со нашите најдобри другарки: Сите девојки ќе се препознаат

Чудни работи кои ги правиме со нашите најдобри другарки: Сите девојки ќе се препознаат

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби е чудно, можеби е помалку необично, но такви се девојките...

Нашите најдобри другарки имаат можност да не видат во најдобрите и најлошите изданија, бидејќи заедно поминува низ сите оние убави, но и лоши моменти во животот.

Иако можеби не изгледаме така, кога ќе останеме сами, правиме некои работи кои на момчињата би можеле да им изгледаат прилично чудно.

Во ставките кои ќе ги наведеме, сигурни сме дека ќе се препознае секоја девојка со нејзината најдобра пријателка, а од кои секое момче може да се изненади кога ќе почне да го чита ова.

# Ги делиме личните предмети

Знаеме дека би не би требало да делиме работи како кармини, маскари, четки за шминкање или чупалици. Но, тоа не вреди кога имате најдобра другарка. Секако дека со неа ќе го споделите сѐ што можете, вклучувајќи ги оние предмети кои не е препорачливо да се користат заеднички.

# Се пресоблекуваме една пред друга 

Додека се подготвуваме за забава и смислуваме што да облечеме, немаме проблем да се соблечеме една пред друга. Пред најдобрата другарка не се срамиме да се прошетаме во градник и гаќи. Нема тука ништо сексуално, другарката ви е како сестра.

# Една на друга си глумите козметичарки

Сакаме да се шминкаме заедно, но исто така ќе си помогнеме една на друга ако се појават проблеми со мозолчиња, црнки или израснати влакна. Би можеле и да се искористиме една со друга за целосна депилација, а ќе си ги споделиме и сите совети и открија за нега на кожата.

# Опуштени сме додека сме заедно

Додека сме заедно - не ги вовлекуваме стомаците, не ни е проблем да сме неисчешлани и без шминка. Не се чувствуваме неудобно ако ималку повеќе испиеме или изедеме, па дури и ако едната нас ждригне. Да, додека сме заедно, сме навистина опуштени.

# Се доверуваме на интимни теми

Сакаме да зборуваме за менструалниот циклус - кога треба да ни дојде, дали ни е болен. Зборуваме за промените на телото, првите сексуални искуства, бидејќи помеѓу блиските другарки нема тајни.

# Ги озборуваме момчињата

Да, сакаме да ги искоментираме момчињата за кои сонуваме, момчињата со кои сме, но и заедно да ги озборуваме поранешните момчиња и да се потсетиме колку биле лоши и зошто ни е подобро без нив.

# Се проверуваме една со друга како мирисаме

Вистинските другарки секогаш си кажуваат сѐ,  па така нема да им биде проблем да се проверат една со друга дали мирисаат неубаво. Секако дека најдобрата пријателка ќе ти каже дека мирисаш на лук, бидејќи не можеш така да одиш на состанок.

# Плачеме заедно

Без разлика дали заедно гледаме тажен филм или едната од нас да поминува низ болна разделба, едноставно не можеме да си помогнеме  - ако плаче едната, веднаш почнува и другата. Полесно е да се плаче во пар.

# Сонуваме заедно

Заедно ги купуваме плановите за иднината: каде ќе бидеме, што ќе правиме и како ќе ни изгледа венчавката. Да, сигурно нема да зборуваме со нашите момчиња за тоа каква венчаница ни се допаѓа, бидејќи би испаднале чудни, но со задоволство за тоа би зборувале со најдобрата пријателка.

фото: freepik.com

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: