Чудо од дете: Во своето деби во Лигата на шампионите напиша историја
Запомнете го името Ерлинг Баунт Халанд.
Овој 19 - годишен Норвежанец во вторникот се запиша во историјата на Лигата на шампионите. Во своето деби на најелитното натпреварување на светот во првите 45 минути постигна хет - трик. Неговиот Ред Бул Салзбург ја доби победата со 6 - 2 во првиот натпревар, а Халанд уште во првиоте 45 минути пред очите на цела Европа постигна 3 гола.
Тој е третиот најмлад играч со хет - трик во Лигата на шампионите, а пред него се само две имиња - Раул (18 години, 113 дена) и Вејн Руни (18 години, 340 дена). На листата Халад се надејде со 19 години и 58 дена. Вејн бил една година помлад од него кога ја имал својата премиера со три гола, но за тоа му требало и првото и второто полувреме.
Оваа млада фудбалска надеж се истакна во мај за време на натпревар на норвешката репрезентација до 20 години каде постигна 9 гола. Тогаш според Трансфермаркт вредел 5 милиони евра, а само четири месеци подоцна вредноста вртоглаво му порасна. Денес Халанд го проценуваат со цели 12 милиони евра.
Норвешкиот тинејџер е син на поранешниот фудбалер Алфа - Ингеа Холанд и оваа сезова во 9 натпревари даде 17 голови. Доколку вака продолжи, нема уште долго да се задржи во Австрија, каде стигна во јануари.
Салзбург игра во групата Е во која се и Наполи и Ливерпул, а во следното коло на почетокот на ноември гостуваат кај актуелниот првак на Европа.