Цитати од Џенифер Анистон кои ќе ве потсетат дека треба да уживате во животот

Цитати од Џенифер Анистон кои ќе ве потсетат дека треба да уживате во животот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Познатата актерка која се прослави по култната серија „Пријатели“ наполни 52 години. Анистон е голем поборник за здрав и квалитетен живот. Иако немаше среќа во љубовта, никогаш не заборави да ужива во она што го има, а во продолжение ви пренесуваме неколку нејзини цитати кои ќе ве потсетат дека навистина треба да уживате во животот.

* Не сум поборник на некоја посебна религија, но верувам во Бог. Не знам како изгледа, но знам дека тоа е мој Бог сигурно. Онака како што јас креирам визија на нешто натприродно, ете тоа е. 

* Не ви требаат ни партнер ни дете за да бидете целосни, ниту морате да бидете омажени и остварени како мајки. Секоја жена за себе ја одредува својата среќа. 

* Не сум за правење планови и нивно следење. Мислам дека е важно да создаваме повеќе можности кон одредни цели.

* Најубаво се чувствувам, и однадвор и одвнатре, кога сум со своите другарки. Заедно сме многу убави, како божици. 

* Врската според мене не е работа која е потребна на некоја личност за да опстане. Врската е само цреша на врвот на шлагот.

*Кога ќе сфатиш кој си и што сакаш на себе, се ќе разбереш подобро.

*Следи го она со што сакаш да се занимаваш и работи на тоа да успееш во него. Исто така следи го своето срце и интуиција.


Фото: Instagram/jenniferaniston


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: