City Fashion најдобра продавница за облека во 2021 година: Преку нив, Македонија има можност да види светски квалитет прва класа
Како оваа продавница во земјава нема друга! А да не беше, ќе немавме можност кај нас да видиме како изгледа облеката што ја дизајнира Армани, или пак онаа на Карл Лагерфелд. Но во „арсеналот“ влегуваат и други реномирани светки дизајнери и модни куќи...
Ние велиме огромно БРАВО! На тој начин не приближија кон она што се нарекува најнова мода и се‘ што е актуелно во Милано, Париз, Њујорк...
И токму затоа:
Продавницата на City Fashion го освои првото место во категоријата бутици на традиционалната манифестација „Месец на трговијата” во организација на Град Скопје.
На 14.12 се одржа петнаесеттата по ред манифестација „Месец на трговијата”, во рамки на која Град Скопје ги прогласува најдобрите трговски објекти за 2021 година. Истражувањето го спроведува агенцијата SWOT Research, а најдобрите трговски објекти се избираат по пат на независни и објективни тајни купувачи (mystery shopping), кои со вкупно 723 посети во 241 трговски објекти го оценуваа квалитетот на услугата според 7 критериуми.
- Оваа награда за продавницата на City Fashion е уште една потврда за нашето успешно работење и комплетната посветеност на врвната услуга и богата понуда за нашите верни купувачи. Истовремено наградата претставува дополнителна мотивација да продолжиме да работиме со полна пареа и да го аплицираме целото наше искуство и знаење во сите наши продавници, со цел поголемо задоволство на купувачите и поголеми успеси за самата компанија, изјави Ненад Атанасов, генералниот менаџер на компанијата.
Растот и развојот, City Fashion го продолжува и во 2021 година со новоотворената ексклузивна мултибренд продавница City fashion во трговскиот центар East Gate Mall но и со редовните атрактивни понуди во останатите 5 продавници лоцирани во Skopje City Mall, ГТЦ и ТЦ Беверли Хилс.
Првата City Fashion продавница е отворена во 1995 година (тогаш позната како Pierre Cardin) како почеток на една голема модна приказна. Зад City Fashion продавниците стои компанјата “Нени компани” основана во 1994 година, која 27 години подоцна застапува голем број светски брендови како: Emporio Armani, Karl Lagerfeld, Pierre Cardin, JOOP, Armani exchange, EA7, Antony Morato, Fratelli Rossetti, Hogan, Michael Kors, Elisabetta Franchi, Furla, Versace jeans Couture, Fracomina, Betty Barclay, Wllensteyn, John Richmond, Silvian Heach.