Conspiracy ве канат на промоција: Треш металот повторно на сцена!

Conspiracy ве канат на промоција: Треш металот повторно на сцена!

Објавена во: Stars // Музика

Conspiracy е релативно млад бенд кој свири треш метал. Зад себе овие момци (Стефан Трајкоски (вокал и гитара), Иван Димишков (тапани), Милош Благоевиќ (басс) и Давор Капац (соло гитара) имаат над 30 концерти, но исто така настапи на многу реномирани фестивали како Д Фест, Коноп Фест, Рокфест и сл.

Покрај, одличните настапи и посветеноста на истите, тие одвоија и време за сопствена музика. Имено на 13 – ти овој месец тие им закажуваат средба на сите фанови кои се љубители на треш музиката, а поводот е промоција на нивнито првенче „Dehumanized“.

Под менторство на Валентин Скендеровски момците од бендот направија одлична музика. Во просториите на Пасворд продукција, која и стои зад овој проект, ќе се одржи промоцијата на новиот албум.

Се гледаме на промоција.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: