Црвената посочува на самодоверба: Што значат боите на облеката која секојдневно ја носите?

Црвената посочува на самодоверба: Што значат боите на облеката која секојдневно ја носите?

Објавена во: Мода // Moj стил

Открите го значењето кое се крие зад бојата која ја носите...

Како што впечатливите аксесоари и накит може да го означат вашиот стил и вкус, така боите имаат моќ да го претстават вашето расположение или да го променат во потполност. На боите треба да гледате како детаљ со кој суптилно може да го претставите вашето моментално расположение или потсвесно да ги поттикнете луѓето да имаат за вас позитивно мислење. Погледнете какво значење имаат следните бои:

# Црвена - самодоверба

Впечатливата, живописна и боја која на сите им стои, црвената е дефинитивно боја на оваа сезона. Таа издишува силина, енергија и страст и изгледа одлично на фустан, но и на накит. За неа размислувајте како на мал глас на самодоверба што ќе биде со вас цело време.

# Жолта/портокалова - среќа

Оваа забавна нијанса за која е докажано дека го крева притисокот и пулсот, како кога сте среќни и расположени. Означува оптимизам, топлина и надеж. Во оваа нијанса најдобро е да изберете џемпер или топла блуза и ролка.

# Смарагдно зелена - богатство

Според модната куќа „Гучи“, дезените и боите од 70 - тите се „ин“ оваа сезона. Ова особено важи за смарагдно зелената нијанса која ја претставува природата. Колку нејзината нијанса е побогата и посилна, толку повеќе означува богатство. Носете ја во вид на сомотен блејзер и ќе станете вистинска „street style“ дама.

# Милениумско розова - пристапност

Вистина е, се уште не се откажавме од неа, иако беше најпопуларна во летната сезона. Од една страна може да се спореди со боите „за девојчиња“, розовата нијанса е многу сестрана и има големо значење, а во овој случај претставува љубов кон блиските личности и пристапност.

# Пастелно сина - смиреност

Сината боја се поврзува со небото и водата, па логично е зошто баш оваа нијанса се смета за смирувачка. Покрај ова, за неа се поврзува уште една доблест - доверливоста. Затоа е одличен избор за облека кога одите на семејна вечера.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: