Поради редок синдром доживеала клиничка смрт неколку пати: На ТикТок го раскажа своето искуство

Поради редок синдром доживеала клиничка смрт неколку пати: На ТикТок го раскажа своето искуство

Објавена во: Совети // Семејство

Откако нејзиното срце застанало, Рејчел се сеќава дека околу себе гледала само силна бела светлина и сопственото тело...

Рејчел Бојл сподели видео на својот профил на ТикТок профил (@rachboylex) во кое таа одговора на прашањето на друг корисник, кој ја праша како е да се умре.

Имено, Рејчел некогаш имала срцева состојба попозната како СВТ, односно суправентрикуларна тахикардија, поради што повеќе пати починала и се враќала во живот, тврди LADBible.

„Јас всушност умрев трипати кога имав срцево заболување. Имав навистина редок случај на СВТ, кој беше многу тешко да се лекува. Еднаш имав напад, пулсот ми се качи на околу 230 отчукувања во минута и моето тело не можеше да се справи со тоа, па моето срце едноставно застана“ - започна Рејчел во своето видео, пренесува вечерњи.хр. 

@rachboylex

##stitch with @eternal.esoterist tw death :

Gallowdance - Lebanon Hanover

Откако застанало нејзиното срце, Рејчел се сеќава дека гледала само силна бела светлина околу неа, но и нејзиното тело. Се чувствувала многу слабо, а времето околу неа ѝ изгледало дека се движи многу бавно, скоро како да се упатувала кон светлината.

„Тогаш одеднаш можев да се видам себеси, како гледам надолу кон моето тело, и размислував колку е лудо ова. Се сеќавам на сè толку јасно, истото се случи и следниот пат. Навистина е чудно, но убаво чувство. Тоа ме тера да се чувствувам малку подобро во врска со умирањето“ - објасни таа.

Иако посочи дека многумина не ѝ веруваат и тврдат дека тоа се должи на недостаток на кислород или на лековите што ги примила во болницата, Рејчел тврди дека нејзиното искуство е вистинско бидејќи тоа го доживеала трипати во животот и додаде дека секогаш се чувствувала „спокојно, мирно и магично“.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: