Д-р. Кон: Дојде до прво пренесување на вирусот помеѓу деца во едно основно училиште во Белград
Цела група од тоа одделение сега е во изолација и следат онлајн настава...
Дојде до првото пренесување на вирусот помеѓу деца во едно основно училиште во Нов Белград, ова утре соопшти епидемиологот Предраг Кон.
Тој нагласи дека едно дете имало температура 37.6 и дека е утврдено дека е позитивно на вирусот.
„По повеќе од пет дена по ова имавме уште едно заболено дете. Не опишаа никаков близок контакт, но беше јасно дека маските не се носеле во дворот, а дека биле во близина“ - истакна Кон во гостувањето во ТВ Пинк.
Напомена дека засега цела група од тоа одделение е во изолација и наставата ја следат онлајн.
Што се однесува до градинките, Кон вели дека во пет градинки се потврдени шест позитивни случаи и дека од заразените 4 се деца, а останатите двајца се воспитувачки.
Извор: telegraf.rs