Да не е актерка, би се занимавала со сосема друга професија: 5 работи кои не сте ги знаеле за Анџелина Џоли

Да не е актерка, би се занимавала со сосема друга професија: 5 работи кои не сте ги знаеле за Анџелина Џоли

Објавена во: Stars // Филм

Актерката на многумина понекогаш им е чудна, а откако ќе го прочитате ова, ќе ви биде јасно и зошто...

Анџелина Џоли со своите актерски улоги, но и со приватниот живот, привлекува големо внимание.

Но, како и кај сите, и таа има некои тајни, а ние ви откриваме 5 работи кои сигурно не сте ги знаеле за неа.

# Имала план Б за друга професија, ако не станела актерка

Како тинејџерка, Анџелина планирала да стане модел или директор на погребално претпријатие.

„Звучи чудно, ексцентрично, мрачно, но јас го изгубив мојот дедо и бев многу вознемирена поради неговиот погреб. Како некој умира и како неговото семејство се бори со тоа, тоа треба да биде претставено на друг начин. Доколку не ми тргнеше со актерството, тоа би била моја професија“ - кажа таа во една прилика.

# Сака акупунктура

Анџелина заболела од нешто што се вика „Bell's palsy“, што би значело дека една страна на нејзиното лице може да „падне“ поради оштетување на нервите. Акупунктурата ѝ помогнала да го доведе тоа во ред.

# Ги тера децата да го истражуваат светот низ јазиците

Во текот на пандемијата со коронавирусот, нејзините деца учеле разни јазици, бидејќи сакала на тој начин да го истражат светот. Па така, учеле виетнамски, германски, француски, руски, арапски, а едно од нејзините деца учело и знаковен јазик.

# Официјално е дипломат

Во април 2012 година ја заработила титулата дипломат, благодарение на својот ангажман како амбасадор на Обединетите Нации.

# Обожава инсекти

Анџелина толку многу ги сака инсектите, што дури подготвувала некои од нив за своите деца, како пајаци, штурци и слично.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: