Да не знаеш што е реално: Дали оваа девојка ѝ е двојничка на Кајли Џенер?

Да не знаеш што е реално: Дали оваа девојка ѝ е двојничка на Кајли Џенер?

Објавена во: Мода // Moj стил

Подемот на двојниците на познатите ѕвезди го освојува ТикТок. Кој знаеше дека познатите личности, вклучувајќи и Кајли Џенер, имаат толку изгубени близнаци? Една корисничка на ТикТок (@kjdrafts) собра повеќе од 4 милиони лајкови откако објави само 13 видеа од себе. Лесно е да се сфати зошто стана популарна - таа буквално е пресликана Кајли Џенер.

Да, навистина личи на Кајли. Обожавателите во неверување ги коментираат сите нејзини видеа. Еден од корисниците искоментира: „Повеќе личи на оригиналната Кајли, отколку самата Кајли“, а друг додаде: „Повеќе не знам што е реално“.

Меѓутоа, многу корисници на ТикТок исто така истакнаа дека ова можеби е премногу добро за да би било вистинито. Некои забележаа дека оваа девојка користи апликации со чија помош го става лицето на Кајли врз своето.

Постојат многу знаци кои ја поддржуваат оваа теорија, како што е фактот што девојката никогаш не става раката преку лицето (што би направило за привремено да се тргне филтерот), постојат грешки и околу веѓите и усните, а таа прави само неколку изрази.

Погледнете го видеото и пишете ни што мислите вие?

@kjdrafts

Reply to @pipipipi999

original sound - kjdrafts

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: