Да се наежиш: Лина Пејовска го освои ТикТок со изведбата на песни од Тома Здравковиќ

Да се наежиш: Лина Пејовска го освои ТикТок со изведбата на песни од Тома Здравковиќ

Објавена во: Stars // Музика

Кон средината на месец септември во кино салите во регионот, но и низ неколку градови во Европа започна дистрибуцијата на филмот за познатиот српски пејач Тома Здравковиќ. „Тома“ е биграфски филм зад чија режија стои познатиот актер Драган Бјелогрлиќ и Зоран Лисинац, а кои успеаја кај публиката да разбудат спомени од едни убави времиња и воедно да ги потсетат сите на еден од пејачите кој својот живот ѝ го посветил на музиката.

Интересен е фактот што и многу млади го изгледаа ова филско дело и останаа фасцинирани, а некои дури и посакаа да можеле да живеат во тоа време, кога Тома бил еден од највлијателните. 

Филмот освен со животот на Тома, ја разработува и неговата музика, која за филмот ја компонираше Жељко Јоксимовиќ. Песните кои се испеани во филмот будат најдлабоки емоции и многу пејачи се трудат да дадат свој печат на песните на Тома.

Помеѓу оние повозрасните, се вбројува и наша Лина Пејовска, која ги отпеа двете, можеби и најтажни песни од познатиот пејач - „Поноч је“ и „За Љиљану“. Видеата на кои ги изведува овие две песни, Лина ги објави на својот профил на ТикТок, а за своето пеење младата пејачка собра безброј позитивни коментари.

Во продолжение слушнете ја Лина, која иако е претставник на забавната музиката, како ги изведува овие две народни песни:

@linapejovska

##fyp

original sound - Lina Pejovska

@linapejovska

##duet with @svetozzar heyy you

original sound - Svetozar

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: