Да се наежиш: Нетфликс серија буквално ја оживеа принцезата Дајана

Да се наежиш: Нетфликс серија буквално ја оживеа принцезата Дајана

Објавена во: Stars // Филм

Четвртата сезона од популарната серија на Нетфликс „The Crown“, на овој стриминг профил би требало да се појави на 15 ноември, а серијата која ги следи сите интриги на британското кралско семејството низ историјата, полека се наближува до 21 век, па на ред дојде ерата на непрежалената принцеза Дајана.

За многумина тој дел до серијата е најочекуван, а неколку промотивни фотографии кои ги објави Нетфликс ја скокнаа фантазијата на обожавателите, кои се прилично задоволни со она што досега можеле да го видат.

Принцезата Дајана во серијата ја глуми младата британска актерка Ема Корин, за која по сите потребни подготовки и прилагодувања на ликот и времето, заклучиле дека неверојатно многу личи на Дајана. Најмногу во сцената од кралската венчавка.


„Кога излегов од гардеробата во венчаницата, сите замолчеа. Од сето она што го носам во серијата, овој фустан е баш некако принцезата Дајана. Знам дека е чудно и лигаво, но се чувствувам како да ја познавам“ - најави Корин за британскиот „Vogue“.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: