Дал отказ и заминал на другиот крај на светот за да биде покрај болната девојка

Дал отказ и заминал на другиот крај на светот за да биде покрај болната девојка

Објавена во: Совети // Семејство

Дејв Бултер не размислувал долго кога девојка му Емили Гослин му кажала дека и дијагностициран рак на јајниците. За неколку дена дал отказ, ги спакувал куферите и се преселил во Велика Британија од Канада, за да биде покрај неа. Тоа се случило во март оваа година, пренесува DailyMail. Не обрнал внимание на тоа дека се знаат само неколку месеци и дека никогаш не живееле во ист град, туку само чувствувал огромна потреба да  биде покрај неа.

Планирале да живеат заедно во Ванкувер во Канада, но болеста го одложила тоа за неколку месеци. И покрај нејзината тешка болест, двајцата одлучиле да останат позитивни, а нивната силна и свежа љубов допринела за тоа. Неодамна заедно се преселиле во Канада како што планирале пред да дознаат дека е болна.

„Една позитивна работа поврзана за страшната дијагноза е тоа што започнавме да живееме заедно порано од тоа што планиравме, иако ситуацијата не е баш таква како што ја замислувавме. Нема сомнеж дека месеците кои ги поминавме во Лондон ја зацврстија нашата врска. Цело време беше покрај мене. Иако нашиот првичен план беше полесен, никогаш не би го менувала ова искуство и времето кое го поминавме заедно“ - раскажа Емили.

Неколку дена по откривањето на првата дијагноза Дејв допатувал во Лондон. Ја прегрнал силно и заедно заминале кај нејзиниот онколог за да им го презентира планот за лекување. Емили поминала цел циклус од хемотерапии и била на операција на која и го отстраниле десниот јајник, десната фалопиева цевка, слепото црево и лимфните јазли. Зафатот поминал добро и онкологот и дал „зелено светло“ дека може да отпатува во Ванкувер и таму да продолжи со лечењето.

„Низ целиот тој процес Дејв никогаш не ми предизвика чувство дека го имам заробено со својата болест и никогаш не покажа лутина поради тоа. Тој е најсилниот човек кој го имам запознаено и беше со мене цело време. Имам чувство дека се познаваме цел живот“ - заврши таа.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: