Дали Били Ајлиш некогаш ќе се испроба како актерка?

Дали Били Ајлиш некогаш ќе се испроба како актерка?

Објавена во: Музика, Филм

Благодарение на хиперпродукцијата Дизни, идејата за една позната личност да може да почне да се занимава со пеење, глума, продукција и режија, иако не е талентирана за сето тоа, не звучи необично.

Деми Ловато, Селена Гомез, Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк се само некои од големите ѕвезди кои во текот на својата кариера зачекорија во различните сфери на уметноста, повеќе или помалку успешно. А, дали истата судбина ја очекува и Били Ајлиш?

Гостувајќи во емисијата на Џими Кимел, младата пејачка кажа дека глумата генерално ја интересира и дека можеби во иднина би била отворена и за актерска кариера.

„Го сакам филмот, кинематографијата е нешто на што навистина се воодушевувам. Не би морала по секоја цена да глумам“ - кажа таа и додаде:

„Секако, кога би дошло до нешто што би можела да го почувствувам, тогаш би прифатила да глумам. Некогаш имав желба да направам еден лош филм, па кој знае, можеби ќе се случи тоа“.

Били имаше искуство со правење на музика за филм - таа и нејзиниот брат ја снимија насловната песна за новиот филм за Џејмс Бонд, „No Time To Die“.


Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: