Дали Били Ајлиш повторно направи хаос со косата? Видео на ТикТок ги измами луѓето
Доколку веќе сте го виделе ова видео на ТикТок и сте помислиле дека на него е вистинската Били Ајлиш - сте се излажале!
Светлани е девојка од ТикТок која стана апсолутна сензација поради неверојатната сличност која ја има со мега популарната пејачка Били Ајлиш. Оваа девојка чие име на ТикТок е @svetlaniy1 на едно видео, каде ја покажа својата слично, собра повеќе од 4 милиони лајкови 16 милиони прегледи.
Благодарение на социјалните мрежи, денес често наидуваме на двојниците на некои познати личности, додека некои луѓе на овој начин успеаја да ги пронајдат и своите сопствени „близнаци“. Истото ѝ се случи и на девојката од ТикТок, која доби голема популарност на оваа социјална мрежа, благодарение на едно видео, на кое филтерот одбра дкеа најмногу личи на пејачката Били Ајлиш.
Watch on TikTok
Освен што физички се неверојатно слично, според видеата на Светлани дојдовме до заклучок дека имаат и сличен начин на облекување и бојадисување на косата.
Во секој случај, малку е неверојатно колкава популарност може да се стекне доколку личите на некоја мега позната ѕвезда, па така веруваме и дека сите ние имаме двојници, иако не ги знаеме.